Италијанската тренерка, Клаудија Манчинели, го привлече вниманието на многу гледачи на Олимписките игри во Париз, кои изјавија дека со својата убавина успеала да ги освои нивните срца.
Таа почна да работи со гимнастичарите Софија Рафаели и Милена Балдасари минатата година, откако тренерот Хулиета Канталупи, која требаше да ги подготви за Олимписките игри во Париз, ненадејно се повлече.
Клаудија успеа да направи чудо. Со нејзина помош, италијанските гимнастичари успеаја да ја освојат бронзата, што е прв медал во ритмичка гимнастика во историјата на учеството на Италија на Олимписките игри.
Видеото на кое Клаудија им приоѓа на судиите кои и дадоа лоши оценки на Софија стана предмет на коментари на социјалните мрежи. Нејзината решеност да застане во одбрана на својата спортистка, но и нејзината убавина го привлече вниманието на многумина.
this coach could get mad at me anytime she wants pic.twitter.com/62yJavINNr
— kira 👾 (@kirawontmiss) August 9, 2024
„Оваа тренерка може да ми се налути кога сака“, „Таа е најдобриoт тренер на сите времиња. Можете ли да ме потсетите каков спорт е ова?“, „Колку е жешка“, „Најубавата жена на Олимпијадата“ , се дел од коментарите на социјалната мрежа „Икс“.
Интересно е што Клаудија се испроба и во светот на кинематографијата. Имено, таа досега се има појавено во филмовите „The Tourist“, со Анџелина Џоли и Џони Деп во главните улоги, „Nine“, „Unique Brothers“ итн.