Затвореник од „Идризово“ беснеел на Бит Пазар: извадил пиштол и демолирал автомобил

MVR-bit-pazar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Педесетгодишен затвореник од Идризово (Н.В.), вчера попладне учествувал во инцидент на подрачјето на Бит Пазар.



За време на расправија со друго лице, осуденикот со огнено оружје упатил сериозни закани кон него и неговото семејство, а во еден момент му го оштетил и автомобилот.

„Бидејќи Н.В. е лице кое издржува затворска казна во Казнено поправна установа ‘Идзризово’, со наредба од Основен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом. По насоки на ОЈО, лицето е однесено во Казнено поправна установа ‘Идризово’“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот против Н.В. ќе биде поднесена пријава за загрозување на сигурноста и загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK