„Вреди“: Ревизорката е сменета, строгите барања на ЕУ ќе бидат исполнети додека не го добие сертификатот

evropska-unija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Коалицијата „Вреди“ тврди дека уште пред неколку дена го повлекла именувањето на Афрона Вервизоли како ревизорка на ИПА фондовите. Партиското соопштение следи по реакциите во јавноста дека таа не ги исполнува условите и нема лиценца за ревизор, а ЕУ најави дека ќе го испита владиното именување.



Вервизоли која беше избрана на предлог на Коалицијата „Вреди“ е дипломирана економистка, којашто претходно работела во банка.

„Иако Вервизоли има одлично CV и значително професионално искуство, донесовме одлука таа да биде привремено заменета со друг кадар од нашите редови. Оваа одлука е направена со цел да се осигура дека сите строги стандарди и барања на Европската Унија ќе бидат целосно исполнети, додека Афрона ја заврши својата обврска со добивање на сертификатот“, велат од „Вреди“.

Дополнително, коалицијата додаава дека е од клучна важност да се посвети внимание на истражување и откривање на злоупотребите на средствата од ЕУ кои се случувале во минатото.

Претходно денес од Владата, пак, информираа дека Веризволи во текот на утрешниот ден ќе биде разрешена.

Работата на главна ревизорка за ИПА фондовите е да го контролира трошењето на европските пари во Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK