Матурант со „мерцедес“ удри пензионер, дете со мотор прегази дете, велосипед удри жена во Охрид – МВР за несреќите вчера

policija-deca-velosiped.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двајца пешаци и еден велосипедист се тешко повредени во сообраќајни несреќи што се случија во текот на вчерашниот ден во Македонија.



Според информациите од МВР, на улицата Шаин Маале во Радовиш, „мерцедес“ управуван од А.А.(18) од Радовиш, удри во 77-годишниот М.А..

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот М.А., констатирани во Клинички центар Штип.

Сообраќајка имало и на улицата Партизанска во Струга, кога мотоцикл со струшки регистарски ознаки, управуван од малолетник од село Радолишта, струшко, удрил во малолетничка од село Вејце, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Со тешки повреди заврши и велосипедист во Охрид.

„На мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј.(68) од Србија удрил во М.К.(43) од Црна Гора. Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен е полициски увид за сите настани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK