(Видео) Објавена снимка од рускиот воен конвој кој беше уништен синоќа

Screenshot-2024-08-09-110931.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Аналитичкиот проект DeepState сподели видео на кое се гледа уништен конвој возила на руските вооружени сили во селото Жовтневе во областа Курск.



Видеото е снимено од автомобил, а се претпоставува дека авторот на видеото е руски државјанин кој синоќа поминал покрај патот каде што се случи нападот. DeepState известува дека најмалку 14 камиони со војници испратени од руските власти да помогнат по упадот на Украина во Русија биле уништени.

Синоќа на руските канали на Телеграм се појави видео, кое исто така го снимил возач додека возел, на кој се гледа голем пожар во округот Рила во областа Курск. Селото Жовтневе се наоѓа во оваа област, на приближно 30 километри од украинската граница.

Некста пишува дека Русија можеби изгубила речиси 500 војници во ноќниот удар. Се проценува дека секој од камионите може да превезе до 35 целосно опремени воени лица, а со оглед на тоа што на видеото се гледаат 14 уништени возила, со ова бројката изнесува 490 војници. Ова може да биде една од најголемите поединечни загуби за руската војска од почетокот на војната.

Пред три дена Русите известија за обидите на Украина да заземе делови во областа Курск. Следниот ден руските пропагандисти и воени блогери признаа дека украинските војници воспоставиле позиции во пограничната зона. Рускиот претседател Владимир Путин ја нарече украинската операција „провокација“.

Украинската страна официјално не ги коментираше настаните во областа Курск.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK