Скопје поскапо од Приштина, поевтино од Тирана и Белград – објавена лисатата на најскапите градови во светот

DSC_3782.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Онлајн базата на податоци „Нумбео“ во својот индекс на трошоците на животот, што го објавува на секои шест месеци, откри дека швајцарскиот град Женева има највисок резултат на вкупните трошоци на живот за првата половина од оваа година.



Цирих е на второто место, додека Њујорк е на третото.

На листата која вклучува 218 градови, Скопје се наоѓа на 160 место според трошоците за живот.

Во споредба со земјите од регионот, поевтин е животот во Приштина, Косово (195 место) и Ниш, Србија (165).

Трошоците на живот се повисоки во земјите-членки на ЕУ кои се во наша близина. Така, Aтина е на 91 место на листата на наскапи градови, Љубљана 96 и Загреб 107.

Зад нив е Тирана , град кој се најде на 114 место на листата. Понатаму е Белград на 127 место, Софија 132, Подгорица 143, Aнкара 145, Сараево 148.

Интересен податок е и дека според листата, поевтино е да се живее во Санкт Петербург во Русија кој се наоѓа на 162 место, отколку во Скопје.

Компанијата со база на податоци ги разгледа факторите како што се цената на намирниците, оброците во рестораните, трошоците за изнајмување и колку далеку оди локалната валута за да ги формулира своите резултати.

Целата листа на линкот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK