Најверојатната демократска кандидатка за претседателските избори во САД, Камала Харис, со остри зборови им одговори на учесниците на пропалестинскиот протест против израелската војна во Газа, кои го прекинаа нејзиниот говор на изборниот митинг во Детроит, извикувајќи „Камала, Камала, не можеш да се сокриеш, нема да гласаме за геноцид“.
„Знаете што, ако сакате да победи Доналд Трамп, тогаш кажете го тоа. Инаку, држам говор“, рече Харис, предизвикувајќи гласни овации на одобрување од нејзините поддржувачи, пренесе „Ју-Ес-Еј тудеј“.
Претходно Харис рече дека е тука затоа што верува во демократија и дека гласот на сите е важен.
Pro-Palestine protesters just disrupted Kamala’s speech in Michigan.
Her response: “If you want Donald Trump to win say that. Otherwise, I’m speaking.” pic.twitter.com/Mf0CdEbDQg
— Read No Shortcuts (@JoshuaPHilll) August 8, 2024
Додека демонстрантите продолжија да ја прекинуваат, таа ја заостри својата реторика.
Повеќе од 15.000 луѓе присуствуваа на митингот во Детроит, Мичиген, најголем од почетокот на нејзината кампања.
Харис, како и Бајден, останува цврста во поддршката за Израел, но таа минатиот месец рече дека луѓето не можат да молчат за страдањата на цивилите во Газа и дека таа нема да молчи за тоа.