Трамп: Какви се шансите Бајден да се обиде да ја врати номинацијата и да ме предизвика на дебата

bajden-tramp-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Републиканскиот кандидат Доналд Трамп на својата социјална мрежа ја спомена можноста актуелниот претседател Џо Бајден да се обиде да ја врати номинацијата од неговата потпретседател Камала Харис, која во понеделникот и официјално стана кандидат на Демократската партија на претседателските избори во ноември.


Пред две и пол недели Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка по неговиот катастрофален настап во дебатата на Си-Ен-Ен и притисокот на кој беше изложен внатре во партијата.

„Тој чувствува дека направил историска трагична грешка со предавањето на претседателството на Соединетите држави, државен удар, на луѓето што најмногу ги мрази во светот, и тој сака да ја врати номинацијата сега“, пишува Трамп.

Харис вчера објави дека гувернерот на Минесота Тим Волц ќе биде нејзин потпретседател.

Трамп побрза да го коментира нејзиниот избор: „Ова е најрадикалното левичарско дуо во американската историја. Никогаш немало и нема да има“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK