(Видео) Левица: Поддршка за Кавадарчани против претпријатието за тешка и загадувачка индустрија

janchev.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес во Општина Кавадарци имаше јавна расправа по повод постапката за отворање на центар за рециклирање на гуми.


На јавната расправа присутен беше пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, кој рече дека ова е уште еден пример на капиталистичка, неолиберална и расипнички логика. Целта на таа логика, вели Јанчев, е профитот да се приватизира, а штетата да се социјализира.

„Станува збор за центар за рециклирање на гуми од кој профит ќе имаат само приватните инвеститори и бивш висок функционер на ДПМНЕ затоа што овој центар се планира да се прави на негово земјиште. Како аргумент за јавен интерес се користи тоа што овој центар треба да отвори триесетина работни места. Но тоа е килав аргумент затоа што потенцијалот за загрозување на животната средина и загрозување на јавното здравје што го има овој проект е несразмерно поголем од користа од тие триесетина работни места кои се незначителна бројка за Кавадарци, а не пак за цела Македонија“, рече Јанчев.

Од друга страна инвеститорите тврдат дека нема опасност од овој центар затоа што станува збор за затворен систем на рециклажа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK