Вчера во 11.40 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на улицата „Гоце Делчев“ со улицата „Партизанска“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан кашкаи“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот В.К. од Свети Николе и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од 45-годишниот Ј.П. од Штип, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.