Вчера во 15.30 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на улицата „Маршал Тито“ во Неготино, патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот С.П. од Неготино, удрило во паркирано патничко возило „фолксваген поло“ со велешки регистарски ознаки, сопственост на 55-годишниот Љ.Т. од Неготино, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.П., а неговите сопатници А.П.(43) од Охрид и З.А.(48) од Неготино се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.