Вајда: Нолито, мисијата е завршена

3366474-68809748-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Марјан Вајда, поранешниот тренер на Новак Ѓоковиќ се огласи по триумфот на српскиот тенисер на Олимписките игри.


Словачкиот стручњак беше со Новак во поголемиот дел од кариерата и со него постигнуваше врвни резултати.

На Инстаграм се огласи Вајда, кој пред неколку години ја прекина соработката со Новак откако работеше со него во два наврати.

„Нолито, мисијата е завршена! По толку години пловење, конечно стигна во пристаништето. Долгорочните напори резултираа со олимписко злато. Неверојатно достигнување, јас сум многу горд на тебе! Бев во солзи кога го погоди последниот неверојатен форхенд винер. Честитки до твоето семејство и сите членови на твојот тим“, напиша Вајда.

Ѓоковиќ го освои првото злато во Париз и со тоа се запиша во листата на оние кои освоиле „Златен слем“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK