Петрушевски го повика Обвинителството: Каде требале да завршат 23 милиони евра по километар за пругата со тунел без крај

pruga-bugarija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавното Обвинителство да не молчи, да почне постапка и да даде одговор каде требале да завршат 23 милиони евра по километар за пругата со тунел без крај, повика пратеникот, Бране Петрушевски.



Тој праша даали власта на СДСМ и ДУИ ја напумпала цената и кој требал да биде дел од проектот пруга кон Бугарија која завршува во тунел без крај. Праша и дали претходната власт имала намера преку подизведувачи да испумпа стотина милиони евра од пругата кон Бугарија, без разлика што таа можеби со децении нема да може да профункционира.

„Зошто СДС кога знаеле дека истата неможе да проработи, ја ставиле државата во обврски?

Дали СДС имале само еден единствен мотив, а тоа е да ги потрошат парите од ЕБОР и од буџетот, без разлика дали проектот на крај ќе биде целисходен или не?

ЈО да не молчи, и да постапи. На овој случај и на многу други како него ќе можат да покажат дали сакаат да се зголеми довербата на народот во правосудството или ќе паднат и под тие 2 отсто.

Народот чека одговори, а одговорите мора да дојдат од страна на опсежна истрага.

Државата е ограбена и уништена. Одговорност за состојбите во кои е оставена земјата мора да има“, рече Петрушевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK