Чиптегеи со олимписки рекорд победи на трката на 10.000 метри

1722629369-GettyImages-2165009973.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Џошуа Чептегеи од Уганда е победник на олимписката трка на 10.000 метри на стадионот „Франција“ во Сен Дени.


27-годишникот од земјата на езерото Викторија победи со време на нов олимписки рекорд, 26:43,14 минути.

Најдобриот во оваа дисциплина, човекот кој има три златни медали од светските првенства, конечно го освои златниот медал и на најголемиот спортски настан. Инаку, Чептегеи во Токио стана олимписки првак на 5.000 метри.

За второт место се водеше голема борба, која ја доби 23-годишниот Етиопјанец Бериху Арегави, тој за две стотинки беше побрз од Американецот Грант Фишер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK