Поради враќање во функција на двата целосно санирани 110 КВ далекуводи на Електродистрибуција, од 01:30 часот до 09:00 часот наутро, без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците на следните локации:
– делови од Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар, Острово.
– Арачиново, Ораланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, делови од Јурумлери, населба Гоце Делчев, Сингелиќ, Маџари и Керамидница.
Инаку, невремето кое пред скоро две недели зафати дел од Скопје, меѓу останатото сериозно оштети и два 110 кВ далекуводи на Електродистрибуција.