Победникот на конкурсот на MAGIC,  Александар Јосифовски, освои 500 илјади денари!

maliki_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Александар Јосифовски од Скопје е победникот на нашиот голем награден конкурс „ Направи Магија“  со која освои неверојатни 500.000.00 денари !

Голема чест ни е да објавиме дека Александар не импресионираше со своето креативно видео инспирирано од аркадните видео игри, преку кое ги престави производите на MAGIC грицките.



Во видеото, неговото 4 годишно синче, вистински јунак, каснувајќи едно зрно од јатките од MAGIC грицките, се претвора во лик од видео игра. На својот пат кон целта, малиот јунак успева да ги собере сите јатки и овошни плодови, кои реално се содржани во различните видови кесички од MAGIC грицките. На крајот, тој станува виртуелен победник, постигнувајќи најдобро време и собрани сите плодови од MAGIC!

Браво, браво за Александар за оваа фантастична идеја и реализација!

Александар е татко на две малолетни деца и работи како графички дизајнер-фриленсер. Убедени сме дека оваа награда ќе биде мотивација и за сите други учесници кои учествуваа на конкурсот.

На следниот линк имате можност да го погледнете награденото видеото за MAGIC грицките!

Magic – Link

Ги покануваме сите љубители на MAGIC грицките да продолжат да не следат, бидејќи следуваат уште многу предизвици и награди!

Огромна благодарност до сите учесници. Имаше навистина неверојатни видеа, а одлуката кој ќе победи не беше лесна. Секој од нас имаше свој фаворит, но сепак видеото на Александар ја носеше најдобрата порака и ја понесе победата.

Натпреварот траеше неверојатни 42 дена и а на конкурсот се пријавија повеќе од 100 кандидати со свои креативни видеа.

Големо Браво за сите вас!

Следете не и подгответе се за уште магични моменти со MAGIC грицките!

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK