Шпанија ја победи Грција во второто коло на кошаркарскиот турнир во Париз со 84:77. За Шпанија ова е прва победа на овој турнир, додека Грција го претрпе вториот пораз и сега е во тешка позиција кога е во прашање местото во четвртфиналето.
Грција имаше предност во текот на целата прва четвртина, најмногу Грците водеа со осум поени. Шпанците во финишот на четвртината, предводени од ветераните Серхио Љуљ и Руди Фернандез успеаја да го фатат вистинскиот ритам.
Овие двајца инцираа серија на Шпанците во вториот период кој „црвентата фурија“ на крајот го доби со 28:13.
Нападот на Грците беше потечен и подобар. Избраниците на Василис Спанулис подобро влегоа во натпреварот и тоа брзо го покажаа на семафорот, каде по првата четвртина имаа предност, која беше само половина предност (22:21).
Шпанците на исто ниво беа и на почетокот на вториот дел кога ја достигнаа највисоката предност од 16 поени (55:39).
Грците сепак со добра одбрана полека ја намалуваа разликата, а предводени од најдобриот играч Јанис Адетокумбо изедначија на 71:71 на четири и пол минути до крајот.
Сепак грците немаа сили и нерви за целосен пресврт, Шпанија одговори со серија од шест поени, а потоа мирно го заврши мечот.
Покрај добрата одбрана Шпанците демонстрираа и одлична реализиција во шутот за три поени (49 отсто), погодија 15 тројки.
Адетокумбо ја предводеше Грција со 27 поени и 11 скока, покрај него двоцифрен ефект од 14 поени имаше само плејмејкерот Толиопулос.
Кај Шпанија најефикасен беше Санти Алдама со 19 поени и 10 скока, Љуљ забележа 13 поени и седеум асистенции, Браун седум поени и 10 асистенции, Вили Ернангомез имаше 11 поени и седум скока, а Руди Фернандез 10 поени.
Фото/ FIBA