Македонија ја бележи првата жртва во пожарите што денеска ја зафатија Источна Македонија.
Според Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК станува збор за повозрасно машко лице кое најверојатно се задушило од чадот.
„Денес ја имаме и првата жртва во село Кокошиње Кумановско. Еден возрасен човек се задушил од чадот што го вдишал додека неговата сопруга била навремено евакуирана од страна на локалните пожарникари“, информира Ангелов.
„Попладнево појавени се над 15 пожари на отворено кои се шират со голема брзина и зафатија 12 села. Дел од нив се напуштени, дел со малку жители.
За жал денеска гореше цела Источна Македонија“, вели Ангелов.
Во зафатените села според информациите од ЦУК, изгорени се повеќе куќи и викендици.
Ангелов нагласува дека во моментов активни се околу 20 пожари.