Пекол во Иран со температури и до 50 степени, над 200 луѓе претрпеа топлотен удар

toplo3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 225  Ирачани претрпеа топлотен удар откако екстремен топлотен бран го погоди Иран, при што температурите достигнаа 45 степени Целзиусови во некои делови од земјата и 49,7 степени во градот Делган.



Топлотниот бран ги принуди иранските власти да го намалат работното време денеска и да наредат сите владини и комерцијални институции да затворат утре, недела, откако повеќе од 200 луѓе беа примени во болниците поради топлотен удар, објави Гардијан.

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека банките, канцелариите и јавните институции ширум земјата ќе бидат затворени во недела за да се заштити здравјето на луѓето и да се заштеди електрична енергија. Ќе работат само медицинските и итните служби.

Во главниот град на Иран, Техеран е забележана температура од 42 степени, а во 10 ирански провинции температурата денеска надмина 45 степени, додека во градот Делган на југоистокот од земјата е забележана рекордна температура од 49,7 степени. Метеоролозите за во понеделник најавија пад на температурата.

На глобално ниво, екстремните горештини предизвикуваат речиси 19.000 смртни случаи годишно, како и речиси 23 милиони повреди на работните места ширум светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK