Најмалку 21 лице почина во Мароко за 24 часа поради топлотен удар

f-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 21 лице почина во Мароко за 24 часа поради топлотен удар, бидејќи земјата беше погодена од топлотен бран со температури кои достигнаа 48,3 степени Целзиусови во централниот дел на земјата.


Мароканското Министерство за здравство соопшти дека во средата во градот Бени Мелал, во централниот дел на Мароко, починале 21 лице и истакна дека ова е шеста година на суша во таа земја, пренесува Фигаро.

Најголем дел од починатите имале хронични заболувања и главно се работи за стари лица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK