Македонија со шест спортисти во Париз, четири земји ќе ги претставува по еден спортист, од регионот најбројни се Србите

viber_image_2024-07-22_13-28-14-004.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вечерва во Париз свечено ќе бидат отворени Олимписките игри, најочекуваниот спортски настан во светот оваа година. Повеќе од 10.000 спортисти од повеќе од 200 земји ќе се борат за најпрестижните награди, а манифестацијата ќе трае до 11 август.


Игрите ќе бидат отворени со пригодна церемонија со почеток во 19:30 часот, кога ќе продефилираат претставници на сите земји учеснички. Парадата „Нација на чамци“ ќе се одржи на реката Сена, па за прв пат свеченото отворање нама да биде на стадион.

Наместо најавените седум, Македонија во Париз ќе настапи со шест спортисти. Ева Петровска (пливање, 800 метри), поради болест го откажа настапот.

Ден по свеченото отворање први на борилиштата од македонските спортисти ќе се појават Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно) и Анастасија Мојсовска (спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка).

Дарио Ивановски (атлетика, 10 август маратон), Владимир Егоров (борење до 57 килограми, слободен стил),, Еди Шерифовски во џудо на 30 јули и таеквондистката Милијана Рељиќ во периодот од 7-10 август.

На Летните олимписки игри Македонија ќе има четворица судии: во ракометот Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, во триатлон Иван Михајловски и во тенис Анета Павловска.

Во Париз четири земји ќе ги претставува само еден спортист. Тоа се Бурунди, Науру, Сомалија и Лихтенштајн.

Од друга страна, Соединетите Американски Држави имаат најмногу олимпијци, дури 653 спортисти, следуваат домаќините со 622, Јапонија е трета со 447, а Кина испрати 405 спортисти во Париз.

Што се однесува до односот на силите во регионот, најбројна е српската делегација.

Србите во Париз ќе настапа со 112 спортисти во Париз, Словенија има 90, Хрватска 73, Црма Гора 19, Косово 9, Албанија 8, а Босна и Херцеговина ќе ја престатвуваат пет спортисти.

Фото/ mok.org.mk

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK