Еден од најславните француски клубови, Бордо, повеќе не постои, односно го загуби статусот на професионален клуб.
Раководството на клубот реши да се откаже од професионалниот статус кој клубот го има од 1937 година. Поради тоа ќе бидат раскинати договорите со сите играчи, а ќе биде затворен и тренинг центарот на клубот.
Ова е крај на ерата на Жирондинците кои не сакаа да го чекаат рочиштето пред Стопанскиот суд, кој требаше да одлучи дали ќе прогласи ликвидација или стечај.
Бордо ја извести Француската фудбалска федерација за нивната одлука повеќе да не биде професионален клуб.
Клубот, чиј дрес некогаш го носеше еден од најголемите француски играчи на сите времиња, Зинедин Зидан, односно Алан Ширес, Жан Тигана, Бискент Лизаразу…првично беше исфрлен од Лига 2, поради наталожени долгови.
Бордо беше префрлен во третото ниво на францускиот фудбал, но таму нема да настапува следната сезона.
Долговите пораснаа на 40 милиони евра, од кои само побарувањата на поранешните играчи, тренери и членови на стручниот штаб достигнаа 25 милиони.
Тренинг кампот, кој повеќе нема да биде под контрола на Бордо, ќе мора да го напуштат и 70 момчиња кои тренираа во младинската школа.
Тажен крај…