Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане.
-На пожарот кој се случил вчера интервенираа противпожарна екипа со двајца пожарникари и возило, тројца припадници на полициската станица Старо Нагоричане и десет мештани од селото, изјави командирот на ТППЕ Старо Нагоричане, Далибор Трајковски.
Од РЦУК Куманово информираат дека причина за пожарот е гром.
Пожарот избувнал во 16: 20 часот, а бил изгаснат во 20:15 часот.