Пратеникот Реџеп Исмаил Хактан, на Седницата за избор на Заменици министри во новата Влада рече дека не треба да се дадат шанси на луѓе кои биле во претходната власт, особено оние кои не направиле ништо добро.
„Мислам дека малку не е фер да ги коментираме кадровските решенија. Дали вие мислите дека треба да се дадат шанси на луѓе кои биле во претходната власт? – Што биле во државни органи коишто немаат направено ништо добро, да ја коментираме првата. Онаа што ќе биде заменик министер за одбрана – Ефтет Исмаили. Таа била на раководни позиции во Македонски пошти долго време, а Македонски пошти пропаѓа и пропаѓа“, вели Исмаил Хактан.
Според него, Неждет Мустафа како претставник на Ромите, се прави фасада за претставници на заедниците.
„Човекот е 20 години на власт, состојбата со Ромите е се полоша и полоша! Потоа, да го коментираме Зоран Димитровски, човекот освен што беше пропагатор на преспанскиот договор и на промената на името, човекот е докажан сороспија“, посочува Исмаил Хактан и додава:
„Флакрон Беџети на пример,човекот е државен секретар цел свој живот. Одиме, Лулзим Алиу заменик министер за образование бил, обучен од УСАИД цело време. Заменик министер за култура, дали нема да го коментирате човекот што е теолог.
Замениците министри немаат никаква улога, освен да го ухлебат вториот ешалон од кадрите. Исто како претходните влади, оваа Влада покажува тенденција да направи паралела во министерствата, каде што има министер Албанецима заменик Македонец и обратно. Со тоа ствараат паралелни структури во највисоките органи на извршната власт!“