Полицаец од Скопје го оставил полициското куче час и половина во паркиран автомобил, животното се угушило

belgiski-ovchar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Против полициски службеник ќе биде поднесена кривична пријава, но и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска и на материјална одговорност, бидејќи го оставил полициското куче во паркиран автомобил, пришто животното се угушило и угинало.


Од МВР велат дека се работи за полициски службеник на работно место водич на службено куче, со иницијали Д.М.., а кривичната пријава е за делото убивање и мачење на животни.

Тој на 12 јуни во центарот на Скопје по завршувањето на работните задачи, го сместил полициското куче од расата белгиски овчар во боксот за транспорт во службената „дачија“. Потоа, го паркирал возилото со исклучени мотор и клима, а вклучена вентилација и го напуштил возилото на час и половина.

Кога се вратил назад, забележал дека кучето било во лоша здравствена состојба, по што се упатил во ветеринарна станица каде било констатирано дека кучето веќе угинало. По извршена обдукција од страна на Факултет за ветеринарство било утврдено дека причина за угинувањето на кучето е угушување, предизвикано од топлотен удар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK