Расчистени шест тешки кражби во Радовишко, сторителот приведен

lisici_apsenje-610x4001.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 20.15 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода И.А.(31) од село Габревци, општина Конче.



Тој се сомничи дека во април и јули 2024 на подрачје на општина Конче извршил шест кривични дела „тешка кражба“, од кои пет во куќи и една во викенд куќа.

Полицијата соопшти дека лицето било задржано во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK