Рафаел Маркез реши да ја напушти Барселона.
Поранешниот капитен и репрезентативец на Мексико своите најдобри години како фудбалер ги помина во Барселона, каде што ја започна и тренерската кариера. Маркез го предводеше Б тимот кој се натпреварува во третото ниво на шпанскиот фудбал.
Сепак, по две години беше спогодбено се раздели со Барселона, бидејќи Маркез сакаше нов предизвики.
Рафа Маркез, ја прифати поканата од легендарниот Хавиер Агире и во иднина ќе работи како асистент во репрезентацијата на Мексико.
Барселона веќе се огласи на социјалните мрежи и му посака многу среќа на овој тренер.