Принцот Џорџ го слави својот 11-ти роденден. По тој повод, на официјалниот Инстаграм профил на принцот и принцезата од Велс е објавена неодамнешна негова фотографија.
„Му посакуваме среќен 11-ти роденден на принцот Џорџ“, стои во описот на фотографијата направена од Кејт Мидлтон.
View this post on Instagram
A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)
На фотографијата Џорџ седи во одело, гледа во камерата и благо се смешка. Под фотографијата беа објавени голем број коментари во кои обожавателите на кралското семејство му го честитаат роденденот.
Пред 11 години, сите медиумски погледи на светот беа насочени кон болницата Св. Мери во Лондон, каде тогашната војвотка од Кембриџ, сега принцеза од Велс, го роди своето прво дете, идниот крал на Велика Британија.
Пред болницата Св. Мери со денови ја чекаа новинарските екипи и обожавателите на кралското семејство, а во утринските часови тој ден беше објавено дека војвотката Кејт се пораѓа. Милиони го чекаа бебето.
Во попладневните часови беше објавено дека Кејт, војвотката од Кембриџ, родила машко бебе, во тоа време третото место за британскиот трон. Веста за раѓањето на новиот британски принц беше револуционерна во сите британски медиуми.
Принцот Џорџ Александар Луис и беше претставен на јавноста по само 24 часа, а воодушевената толпа пред болницата првпат го виде. Среќните родители Вилијам и Кејт го изнесоа бебето од Св. Мери пред новинарите, а првите фотографии од новородениот принц веднаш ги преплавија светските медиуми.
Неговото име беше објавено неколку дена подоцна.