Автомобил без возач прегази девојка во Србија, доктори се борат за нејзиниот живот

Ученик-избоден-со-нож-во-двор-на-училиште-во-Србија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Девојка се движела по улицата Велимир Бата Живојиновиќ во Србија кога во неа удрил автомобил „фолксваген поло“ во кој немало возач. Според очевидци, тој буквално го поминал нејзиното тело и продолжил по својот пат.


Како што дознава „Телегарф.рс“, автомобилот потоа „удрил“ во уште две возила.

Кај А.Ј. констатирани се тешки повреди на главата и рбетот. Нејзината состојба е сериозна.

Неофицијално, возачот на Фолксваген го паркирал автомобилот и влегол во зграда.

Меѓутоа, Н.М. (30) наводно не ја подигнал рачната сопирачка и возилото само тргнало.

За случајот известени се полицијата и обвинителството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK