Рафаел Варан кариерата ќе ја продолжи во Комо. Клубот чии тренер е Сеск Фабрегас, во новата сезона ќе се натпреварува во Серија А.
Францускиот дефанзивец во Комо доаѓа откако му истече договорот со Манчестер јунајтед, каде помина три не премногу успешни години, додека претходно цела деценија ги бранеше боите на Реал Мадрид.
31-годишниот фудбалер треба да потпише двегодишен договор (до 2026 година), со можност за продолжување на соработката на уште една година.