Зеленски: Ние сме му благодарни на Бајден и ја почитуваме неговата тешка, но силна одлука

677z381_677z381_volodimir-pomoc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина ја почитува „тешката, но силна“ одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден да ја прекине кампањата за реизбор на претседателските избори на 5 ноември.


„Украина му е благодарна на претседателот Бајден за неговата непоколеблива поддршка на борбата за слобода на Украина, која заедно со силната двопартиска поддршка во Соединетите Американски Држави, беше и останува клучна“, објави Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој потсети дека во последните неколку години беа донесени многу важни одлуки кои ќе останат запаметени како храбри чекори што ги презеде претседателот Бајден како одговор на предизвикувачките времиња.

„Ја почитуваме и денешната тешка, но силна одлука на претседателот Бајден“, изјави украинскиот претседател, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK