„Паркови“ го демантира ЛДП: Нерасчистените локации што ги посочуваат се надлежност на Кисела Вода, останатите ги одржуваме

Skopje2-600x800-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







По реакциите на ЛДП за неискосената трева и оставените искршени дрвја и гранки низ Скопје, Јавното претпријатие  „Паркови зеленило“ ги демантира тврдењата и укажува дека не се надлежни за зеленилото по населбите и меѓу блоковите, а останатото тврдат дека редовно го одржуваат.

 

„Очигледно ЛДП не била упатена за ингеренциите на нашето претпријатие и не знаеле дека посочената локација што може да се види од фотографите е под надлежност на Општина Кисела Вода. Во врска со останатото зеленило под наша надлежност нашите екипи редовно го одржуваат. Според планот за работа ги косиме тревните површини  како би ја одржале оптималната висина , собираме откос, хартија  и отпадоци и истата маса ја товариме и изнесуваме. Вршиме и полевање на тревата во доцните вечерни часови за да  се избегне испарување на водата поради високите температури во текот на денот“, велат од „Паркови и зеленило“.

Одржувањето и уредувањето на зеленилото објаснуваат дека го спроведуваат според Годишната програма за работа, а за расчистување на теренот по невремето формирале мобилни екипи кои веднаш излегле на терен со расположливата механизација и продолжуваат да работат се до целосно расчистување на зеленилото во нивна надлежност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK