(Видео)Кузеска обвини за луксуз со народни пари: И премиерот и министрите во Вашингтон патувале со бизнис класа, еден билет е 4-5.000 евра

Kuzeska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со обвинување дека влегол во улога на султан па парите на граѓаните ги троши за сопствени луксузирања, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, денес соопшти дека билетите до Вашингтон на премиерите и министрите за самитот на НАТО чинеле по 4- 5.000 евра, секој.



„Откако со денови молчи за скандалозното патувања со синот на фамилијарна прошетка за Вашингтон, сега веќе два дена молчи и за цената на удобанта бизнис класа со која патувал за Вашингтон. Излгеда не можел Мицкоски да патува со економска класа и истовремено да носи часовник од десетици илјади евра. Денеска ја откриваме точната сума на нарачаните карти за него, а за да биде скандалот уште поголем, дознаваме и дека сите негови министри патувале со бизнис класа. Бизнисмените од Владата, кои милуваат да кажат дека се луѓе од народот, потрошиле сите поединечно помеѓи 4 и 5000 евра само билетите од бизнис класа“, рече портпаролката Кузесака.

Билетот на премиерот не бил најскапо платениот билет на патувањето во Вашингтон.

„Според наши информации за Христијан Мицкоски е извршена  нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4000 евра. Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на Министерот за одбана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4500 евра секоја. Речиси 20.000 евра ги чини граѓаните само удобното патување на Мицкоски и министрите за Вашингтон! Ова ли е тоа душманско трошење на буџетот за кое секој ден беседи Мицкоски? Има ли образ да излезе и да ги оправда овие суми, додека зборува за домаќинско работење?“, рече портпаролката Кузеска и праша колку пари се потрошени по хотели и за други трошоци на државна сметка.

Место домаќинско работење, Кузеска вели дека функционерите на ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат во бизнис класи, место транспарентност со денови се кријат од јавноста, а иако ветуваа борба против криминалот и корупцијата, генералниот секретар на Владата молчи за градежното земјиште од 325.000 евра кое го добил како подарок.

Според Кузеска, граѓаните, кои бараа промени, добија криминално здружение на манипуланти. Таа на крајот од денешната прес-конференција праша кога ќе се произнесат и ОЈО и ДКСК за сите наводи кои СДСМ ги соопштува во јавноста во изминатиот период.

а е далеку полошо, поизмамничко и понечесно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK