Трансфер гуруто на НБА, Адријан Војнаровски, објави дека Заир Вилијамс бил заменет со пик од втората рунда од Мемфис Гризлис во Бруклин Нетс за Мамади Диаките. Во целата работа е вклучен и еден српски кошаркар.
Немања Дангубиќ неодамна беше официјализиран во новиот проект на Дубаи, тим кој ќе се натпреварува во АБА-лигата, а во иднина, во НБА, првата врз него ќе ги имаат Бруклин Нетс.
Поранешниот српски репрезентативец и играч на Црвена Звезда и Партизан има 31 година и тешко дека некогаш ќе добие шанса да игра преку барата, но не е невообичаено НБА тимовите да разменуваат играчи на овој начин.
Дангубиќ во текот на кариерата настапуваше и за Хемофарм, Мега, Естудијантес, Промитеас и Перистери.
Во 2014 година, крилниот кошаркар беше драфтуван како 54-ти пик од Филаделфија Севенти-Сиксерс.