Перински се сретна со амбасадорката Вероник Улман: Владата на Швајцарија е голем поддржувач на локалниот и на регионалниот развој

IMG_2269.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната средба со амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Вероник Улман, разговараше за досегашната соработка во областа на локалната самоуправа и рамномерниот регионален развој, како и за приоритетите на Министерството за локална самоуправа во наредниот период.


На средбата беше истакнато дека поддршката на швајцарската Влада во областа на локалната самоуправа и регионалниот развој се реализира преку два големи проекти, коишто се исклучително важни за имплементацијата на политиките и за реализацијата на конкретни инфраструктурни проекти во сите осум плански региони.

Министерот за локална самоуправа, Перински, истакна дека е важно соработката да продолжи, затоа што Владата е особено фокусирана на развојот на општините и на планските региони, за што се обезбедуваат и дополнителни средства во централниот буџет. Во таа смисла беше нагласено дека преку соработка може да се обезбеди уште подинамичен и одржлив развој, согласно потребите и приоритетите на граѓаните.

На состанокот се разговараше и за продолжување на процесот на заедничка координација на активностите за дигитализација на локалните услуги, во којшто Министерството за локална самоуправа и Амбасадата на Швајцарија се двата водечки партнери.

Министерот Перински истакна дека дигитализацијата е приоритет на Владата, формирано е и посебно Министерство за дигитална трансформација, а Министерството за локална самоуправа ќе ги интензивира работите за поефикасно и системско дигитализирање на локалните услуги со вклучување на сите општини, во тесна соработка со надлежното министерство, со општините и со Град Скопје, како и со донаторската заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK