Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се огласи на социјалните мрежи за да го прослави отворањето на новите градини во Природонаучниот музеј во Лондон.
Во приказните на Инстаграм, таа објави свои фотографии за време на нејзината посета на музејот во 2021 година, пренесува „Showbuzz“.
„Многу ја ценам посветеноста на музејот за создавање посебен простор кој ги охрабрува луѓето од сите возрасти повторно да се поврзат со природата и да научат повеќе за тоа како можеме да го заштитиме нашиот природен свет“, напиша таа.
„Ја знам моќта на природата која го промовира нашиот развој и благосостојба, носи радост и ни помага да останеме физички, ментално и духовно здрави. Се надевам дека овие градини ќе ги инспирираат и трансформираат илјадниците луѓе кои ќе ги посетат“, додаде Кејт.
Принцезата, која моментално се бори со ракот, пред неколку дена присуствуваше на финалето на Вимблдон, каде што им ги врачи трофеите на победникот Карлос Алкараз и вицешампионот Новак Ѓоковиќ.
Таа на натпреварот дојде со нејзината ќерка принцезата Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон, а тоа беше нејзино второ појавување во јавноста откако со светот ја сподели својата тешка дијагноза.