Македонија назадуваше на најновата листа на ФИФА

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фото/ ffm.mk


Фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше една позиција на најновата ранг листа на ФИФА. Најновата листа, ФИФА, ја објави денеска, на неа скок од пет места забележа Шпанија. По освојувањето на европската титула, Шпанците се искачија на третото место, пред нив се Франција и актуелниот светски и јужноамерикански шампион Аргентина.

Македонија назадуваше бидејќи Грузија, поради одличните изданија на Европското првенство напредуваше за четири позиции. Покрај Македонија, поради скокот на Грузија назадуваа Исланд, Црна Гора и Северна Ирска.

Пред Македонија се: Обединетите Арапски Емирати, Јордан, Буркина Фасо, Албанија, Заленортските острови…

На врвот, Аргентина ја зацврсти првата позиција пред Франција, Шпанија, Англија и Бразил. Во Топ 10 уште се и Белгија, Холандија, Португалија, Колумбија и Италија.

Најголем скок на листата забележаа Венецуела (17 позиции, сега е на 34.место) и Турција (16 позиции, сега е на 26.место).

Со најголем пад на најновата листа на ФИФА се Чешка (13 позиции, сега е на 47.место), Перу (11 позиции, сега е на 42.место) и Шкотска (девет места, сега се наоѓа на 48.позиција).

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK