Филаделфија Унион го победи Њу Ингланд со 5:1 во МЛС лигата, но овој меч ќе остане запаметен по ситуацијата во 85. минута.
Каван Саливан со само 14 години и 293 дена влезе во игра за тимот од Пенсилванија наместо Израелецот Тај Бариб и стана најмладиот дебитант во историјата на американската фудбалска лига.
Саливан го урна рекордот на Фреди Аду, кој кога дебитираше во 2014 година беше постар за 13 дена.
Welcome to the show, Cavan Sullivan. ✨
The 14-year-old becomes the youngest player to debut in MLS history. pic.twitter.com/qbgjh4QRns
— Major League Soccer (@MLS) July 18, 2024
Саливан е најмладиот спортист што некогаш се појавил на теренот во колективните спортови, кои ги вклучуваат НБА, НХЛ, НФЛ, ВНБА, МЛБ и МЛС.
Младиот играч на Филаделфија важи за голем талент, а се зборува дека Манчестер сити го следи и дека треба да замине во англискиот клуб кога ќе наполни 18 години.