(Видео) Шишковски херој – Борац го доби пенал рулетот во Елбасан

Untitled-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Борац од Бања Лука, по вистинска драма, успеаја да го минат тимот на Егнатија во првото квалификациско коло за Лигата на шампионите.


Борац во Елбасан допатува со предност од 1:0. Реваншот беше прекинат во 13.минута кога играчите на Борац се повлекоа од теренот поради скандалозните извици и пароли.

Откако продолжи натпреварот Мелих Ибрахимоглу и донесе предност на Егнатија во 16.минута. Израмни во 30.минута Јово Лукиќ во 30. минута. Продолженија за Егнатија избори Албано Алекси во 82.минута.

Овој играч беше трагичар на Егнатија, во првата серија македонскиот репрезентативец Дамјан Шишковски два пати два пати му одбрани пенал. Првиот пенал судијата го поништи, бидејќи Шишковски пред време ја напуштил гол-линијата, но Македонецот не му дозволи на Алекси да го совлада и од вториот обид. Љушку промаши во третата серија што значеше пласман на Борац во втората рунда и дуел со ПАОК од Солун.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK