„Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

slavjanka-petrovska-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.


„Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била изградена луксузната хациенда. Тоа води кон два заклучоци:

1. Славјанка Петровска не ја продала хациендата, туку ја префрлила на друго лице, за истото да го чува и крие нејзиниот имот или

2. Таа ја продала хациендата, а парите од продажба не ги пријавила во нејзиниот анкетен лист и со тоа можеби влегла во низа кривични дела.

Славјанка Петровска да не се крие зад пратеничкиот мандат и да каже дали ја крие хациендата на друго лице или ги сокрила парите од купопродажбата.

ДКСК да не чека и да отвори случај“, повика ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK