Премиерот на Украина Денис Шмихал денеска изјави дека Европската комисија поддржува доделување на речиси 4,2 милијарди евра за Украина.
„Оваа значајна помош ќе ја зајакне нашата макрофинансиска стабилност во екот на долгата борба за слобода. По добивањето на овие средства, вкупниот износ на финансирање од ЕУ во рамките на украинскиот фонд ќе достигне 12 милијарди евра“, нагласи Шмихал на каналот Телеграм, пренесува Укринформ.
Тој изрази благодарност до Европската комисија за нејзината позитивна оценка за напредокот на Украина и до претседателката Урсула фон дер Лајен за нејзината постојана поддршка.