СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишната С.Л. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, извести МВР.
„Пријавената, нотар за подрачје на Основен суд Куманово, заверила договор за купопродажба на недвижен имот помеѓу В.Т. од Велес како продавач и А.С. и А.М. од Куманово како купувачи, а врз основа на договорот направила потврда за солемнизација и на тој начин постапила спротивно на Закон за сопственост и други права, бидејќи како сопственик на имотот, покрај В.Т., се јавуваат и О.А. од Куманово и државата Република Северна Македонија“, соопшти МВР.