Украинец фотографирал Македонка низ прозорец во Пула, таа го принудила да ги избрише фотографиите

Screenshot-2024-07-17-133433.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата на Пула ја заврши кривичната истрага против 19-годишен украински државјанин осомничен за сторени кривични дела неовластено снимање и повреда на интегритетот на дом и деловен простор.


Полициските службеници утврдиле дека на 14 јули, околу 17,00 часот, млад човек преку прозорец на туристички објект во областа Пула фотографирал 31-годишна Македонка.

Тогаш 31-годишната Македонка му го одзела мобилниот телефон, поради што 19-годишникот влегол низ прозорецот и ја замолил да му го врати мобилниот телефон. Жената го направила тоа откако Украинецот ги избришал фотографиите што ги направил.

Кривичната пријава против осомничениот е поднесена до надлежниот државен правобранител, извести Индекс.хр.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK