Пожарот од грчка страна го затвори граничниот премин „Богородица“, МВР порача граѓаните да не одат во тој правец

pozar-evzoni-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Граничниот премин Богородица е затворен поради пожарот кој изби од грчата страна на границата.



Од македонското МВР известуваат дека во моментов сообраќајот преку Граничниот премин е во прекин и се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот.

„По неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин. Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран“, се вели во пораката на МВР до граѓаните.

AMСМ објави дека возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран.

„Макфакс“ претходно објави дека пожарот избил на тревна површина во близина на границата кај Евзони по 12 часот. Грчките медиуми јавуваат дека на гаснење на пожарот работат 22 пожарникари и 10 возила, а има и хеликоптер, кој го гасне пожарот од воздух.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK