Давид Бабунски во Данди јунајтед

NM7A1578.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Давид Бабунски го официјализира трансферот во Данди јунајтед. Претходно договор со шкотскиот клуб потпиша и Кристијан Трпаноски.



Бабунски потпиша договор на една година со Данди јунајтед, со опција истиот да биде продолжен на уште една година.

Претставувајќи го Бабунски, клубот потенцира дека кариерата ја започнал во младинската школа на Барселона со Грималдо, Деулофеу, Адама Траоре…

Последен клуб на Давид Бабунски пред овој трансфер беше унгарскиот Мезоковешди, од каде по истекот на договорот како слободен играч се пресели во Данди Јунајтед.

Во кариерата Бабунски играше во Црвена звезда, Јокохама, Омија Ардија, Ботошани, Вииторул Констанца, Дебрецен и Мезоковешд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK