Таравари за тримесечно бебе со модринки: Нема докази дека е намерно повредено, но има дисциплински мерки

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство Арбен Таравари не ги добил во писмена форма одлуките на комисијата која треба да го расветли случајот со тримесечното бебе со модринки направени на Детската клиника, но вели дека нема докази дека бебето е намерно повредено. Очекува комисијата да преземе мерки, а доколку се повтори ваков случај, ќе се залага медицинскиот кадар веднаш да биде исклучен.



„Јас вчера бев брифиран од директорот на Клиниката за педијатрија дека случајот е разгледан, разговарано е. Според него повеќе е невнимание од сестрите со бебе кое било немирно меѓутоа не сакам дефинитивно да кажам бидејќи немам испратено на писмено, но преземени се одредени дисциплински мерки. Медицинскиот кадар треба да биде многу внимателен со сите пациенти, без разлика на етничката припадност, а посебно со децата. Јас се надевам дека мерките што ќе ги преземе комисијата заедно со директорот ќе се ефектуираат, а ако се повтори пак, мислам дека веднаш треба да се исклучи медицинскиот кадар. Некакви докази дека намерно е тоа направено нема. Да бидеме внимателни, да ги слушнеме и двете страни. Не верувам дека постои здравствен работник кој што би бил подготвен да повреди дете од три месеци“, вели министерот Таравари.

Дисциплинска постапка се води против двајца здравствени работници од кои едниот е медицинската сестра, а министерот Таравари не е сигурен дали вториот е некој од болничарите. Најави дека ќе ја извести јавноста откога на писмено ќе ги добие и ќе ги прочита одлуките на комисијата.

Министерот Таравари смета дека не згрешил што го посетил семејството на повреденото бебе пред да се истражи настанот и комисијата да ги слушне двете страни. Вели дека така ќе постапува и во иднина.

„Јас ќе продолжам да го посетувам секој пациент што ми пишува, и лично, и на ’Вибер’, ’Ватсап’ што ги имаме во Министерството за пријавите. Ние треба да постапуваме и да бидеме секогаш со пациентите меѓутоа и со здравствените работници така да ќе продолжам и понатаму. Освен трите или четири мобилни екипи сигурно ќе бидам присутен и јас на секој настан кај што гледам дека има некаква или сигурна неправилност од медицинскиот персонал или сомнеж за нерегуларно работење на медицинските работници“, уверува министерот Таравари.

Дека немало апсолутно никаква намера кај медицинската сестра да го повреди бебето, денес кажа и директорот на Детска клиника Реџеп Мемеди. Тој извести дека синоќа семејството и медицинската сестра се смириле и си пружиле рака, а основна причина за алармирање за случајот било недоразбирање меѓу дедото и медицинската сестра кое се случило пред да ми биде земена крв на бебето.

Семејството ја обвини медицинската сестра дека го повредила бебето оти мајката не зборувала македонски јазик.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK