„Комуналниот отпад во општина Центар се собира редовно“, вели ЈП Комунална хигиена Скопје

viber_image_2024-07-16_08-12-39-110.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЈП Комунална хигиена-Скопје ја информира јавноста дека на територијата на Град Скопје вклучително и општина Центар комуналниот отпад се собира и транспортира без никаков застој, односно во согласност со динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје, усвоена од страна на Советот на Градот Скопје.


„Редовно се врши според Планот за одржување на јавна чистота рачно и машинско метење и машинско миење на улиците. Како и во текот на целата година и ово ј период од годината поради високите температури се врши и миење на контејнерите и микролокациите на кои се поставени.
Апелираме до граѓаните одложувањето на комуналниот отпад да се врши соодветно – во контејнерите, а не до и околу нив со што ќе влијаеме на заштита на животната средина и ќе се избегне создавање на сметишта и диви депонии до контејнерите“, се вели во демантот на ЈП Комунална хигиена Скопје.

Екипите на Претпријатието се исто така активни и преку спроведување вонредни активности во оваа скопска општина со собирање на неправилно одложениот кабаст отпад , каде што за изминатиот викенд е интервенирано на улиците Аминта трети , Средно Водно и ул. „164„ од која се собрани 15м3 различен отпад.

Градот Скопје и ЈП Комунална хигиена-Скопје апелираат до несовесните граѓани да го почитуваат Законот за животна средина и да не го одложуваат отпадот на јавни површини туку да го одложуваат во садовите за таа намена, а кабастиот отпад бесплатно може да го однесат во Центарот за селекција на отпад во општина Карпош или за соодветен надомест да ги повикаат службите на Претпријатието кои ќе го подигнат и одложат соодветно.

„Го повикуваме и споменатиот градоначалник на општина Центар да ги активира на терен инспекциските служби при општината коишто се надлежни и задолжени да го санкционираат секое прекршување на Законот за јавна чистота“, додаваат од ЈП Комунална хигиена Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK