Денес температури до 42 степени, метеоролозите најавуваат пороен дожд и грмежи во западните делови

toplo2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.



Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.

Утре во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Промена на временската состојба се очекува од петок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK