ЗА МОДРИЦИТЕ на УК ПЕДИЈАТРИЈА
Во изминатите 35 години сум работел и соработувал со стотици здравствени работници.
Некои биле постручни, некои биле повешти, некои поснаодливи, некои почуствителни, некои помрзливи, некои недоучени, некои приучени, некои бесчувствителни, И СИТЕ без исклучок некогаш ненамерно сме згрешиле, НО НИКОГАШ не сум сретнал здравствен работник кој #НАМЕРНО_ПОВРЕДИЛ_ПАЦИЕНТ, а уште помалку недолжно мало дете.
Ако навистина има таков #МОНСТРУМ во нашите редови, најстрого да се казни, НО АКО ова е само уште една политичка пресметка за создавање непотребни меѓуетнички тензии, #НАРАЧАТЕЛИТЕ јавно да се жигосаат.
И ВЕДНАШ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА ПРАВАТА И ЗАШТИТАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ.
Денес “жртва” е медицинска сестра на Педијатрија, но утре може да биде секој од нас.
Р.Ѕ. сите навредливи коментари и коментари со националистичка содржина веднаш ќе бидат отстранети.