Пожарот над Радовиш навлезе во борова шума, а во близина има и викенд населба; „Се претвора во голем шумски пожар“, рече Ангелов

pozari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пожарот што изби над Радовиш се претвора во голем шумски пожар, бидејќи огнот веќе навлезе во борова шума, информираше попладнево директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.


Локалните пожарникари се обидуват да ја пресечат линијата на огнот и ќе побараат помош од струмичките колеги. Ангелов вели дека од искуството со борова шума, тоа се исклучително тешки пожари за гасење.

Пожарот се наоѓа на 7 километри од Радовиш, а на неколку километри од боровата шума има викенд населба покрај самата рака.

Денес има повеќе од 10 активни пожари на отворено.

Најсериозен пожар и денес е оној на планината Серта, кој се протега делумно на територијата на општина Штип и делумно на Неготино. Попладнево овој пожар уште повеќе се разгор, а таму дејствува хеликоптерот кој Турција денес го испрати на помош. Борова шума е зафатена и со огнот на Серта.

Голем пожар има и на границата со Бугарија, каде дејствуваат четири ер трактори. Пожарот е при крај да биде локализиран, по што, како што најави Ангелов, ер тракторите ќе се упатат кај Серта.

Се очекува во текот на утрешниот ден да пристигнат и хеликоптерите од Словенија, Србија и Црна Гора.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK